Вебинар за циркуларна економија – преку редизајн на производите до минимизирање на отпадот и зголемување на профитот

Дати: 26-27 ноември
Време: 10.00 – 16.00 ч
Предавач: Проф. д-р Лидија Наумовска
Регистрирај се за вебинарот!

Цуркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади-консумирај-отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали. Потпирајќи се на иновацијата низ целиот систем, таа има за цел да ги редефинира производите и услугите преку дизајнирање без отпад, истовремено минимизирајќи ги негативните влијанија.
Преку оваа обука, кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со неопходната потреба за промена на активностите кон зголемување на еколошката култура, како и огромните можности кои ги нуди циркуларната економија, за отворање на нови работни места и создавање на голема заштеда на природните ресурси и енергијата во производството.

КОИ СЕ БЕНЕФИТИТЕ?
  • Зголемување на профитот на компаниите
  • Зголемување на конкурентноста
  • Стимулирање на иновации и економски раст
  • Креирање на нови работни места и нови зелени индустрии
  • Подолготрајни иновативни производи
  • Подобрен квалитет на живот
  • Намалување на загадувањето
 
ПРОГРАМА

26.11.2020
  • Модул 1: Вовед во поимот циркуларна економија
  • Модул 2: Од отпад до суровини
  • Модул 3: Линеарна и циркуларна економија
27.11.2020
  • Модул 4: Одржлив развој на МСП и регионален развој
  • Модул 5: Фактори за промена кон циркуларна економија: потрошувачи, граѓани и јавен сектор
  • Модул 6: Претприемништво и стратегии за развој на нови бизнис модели за циркуларна економија
 
ЦЕЛНА ПУБЛИКА

Обуката е наменета за компании и граѓански организации кои работат во делот на претприемништвото и поддршка на компании.
 
ЗА ПРЕДАВАЧОТ

Проф. д-р Лидија Наумовска е реномиран предавач на тема циркуларна економија, менаџмент и човечки ресурси. За време на нејзината работна кариера била вклучена во раководни функции во индустријата, сопственичка и менаџерка на приватни фирми, како и консултант и советник во менаџерскиот оддел. Нејзината кариера ја продолжува во академските води, на Европски Универзитет, каде предава група на предмети од областа на менаџментот, а 7 години работи како Ректор на Универзитетот. Автор е на голем број книги и трудови од областа на менаџментот, претприемништвото и циркуларната економија.
 
ПРИЈАВУВАЊЕ

Регистрирај се за вебинарот тука!
Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660.
 
ЗА ПРОЕКТОТ

Активноста е дел од проектот „Партнерство за циркуларна економија - одржлив развој на МСП и регионален развој“ ко-финансиран од Western Balkans Fund и поддржан од Град Скопје, а главна цел е да придонесе за регионална соработка и зајакнување на регионалната кохезија во регионот на Западен Балкан, преку јакнење на капацитетите на компаниите и граѓанскиот сектор, одржување на обуки, онлајн курсеви и регионална конференција за промоција на концептот и придобивките од воведување на циркуларна економија.

                                                                 
                                                                      Поддржано од Град Скопје

                                                                              
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови