Споделете ги вашите добри практики во поддршката на жените претприемачи

  На WEgate и нејзината заедница жени жени претприемачи им требаат вашата мудрост, вештини и ресурси, затоа вклучете се сега!
 
WEgate е европска заедницата за женско претприемништво, која се фокусира на вклучување на разновиден број на чинители кои ги поддржуваат жените претприемачи низ цела Европа. Главната цел на заедницата WEgate е да го подобри женското претприемништво преку вмрежување, врсничко учење и споделување на добри практики меѓу актерите со цел да се подобри поддршката што ефикасно им се дава на жените претприемачи и да мотивира повеќе жени да започнат свој бизнис или да го поддржат развојот нивниот бизнис низ цела Европа
 
Зошто да се вклучите во развојот на женското претприемништво?
WEgate нуди идеално опкружување за преносливост на добрата практика затоа што членовите на заедницата имаат заедничка цел - поддржуваат женско претприемништво, и тие имаат заедничка платформа за споделување на добри практики (т.е. www.wegate.eu ).
 
Што е добра практика?
Добрата практика е процес, иницијатива или метод на работа што се покажа како успешен да ги задоволи потребите на жените претприемачи или да ги оптимизира оперативните перформанси на засегнатите страни на женско претприемништво.
Добрата практика е практично успешен одговор, развиен од членовите на заедницата WEgate, за решавање на различни предизвици во развојот на женско претприемништво, почнувајќи од развој на политики, промоција, градење на капацитети, преку услуги за жени претприемачи, до интра-организациски алатки за подобри оперативни перформанси .
 
Зошто да учествувате?
Добијте шанса да ја промовирате вашата најдобра практика за време на вебинарот кој ќе го обележи Денот на женското претприемништво на 19-ти ноември 2020 година и / или споделете ја со целата заедница преку е-платформата WEgate и каналите на социјалните медиуми!
 
Кој може да се пријави?
Сите заинтересирани чинители кои ги поддржуваат жените претприемачи за започнување и раст и / или организации кои спроведуваат различни иницијативи поврзани со женско претприемништво.
 
Како да учествувате?
Аплицирајте со вашата добра пракса и споделете го со светот! Пополнете го формуларот за добра пракса овде.
Ова е континуиран повик за доставување на добри практики со прв рок 31 октомври 2020 година.
 
Ви требаат повеќе информации?
 
Габриела Костовска Богоеска
Координатор на заедницата WEgate
е-пошта: gabriela@mir.org.mk
Телефон: 00 389 2 3108 891
 
Елена Стојановиќ
Експерт за трансфер на знаење
е-пошта: elena@mir.org.mk
Телефон: 00 389 2 3103 660

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови