Бизнис предизвик со грантови за почнување бизнис

Во рамките на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, финансиран од Амбасада на САД во Скопје, ПСМ Фондација организира бизнис предизвик.

Бизнис предизвикот е наменет за млади лица од 18 до 30 години, од Источна и Југоисточна Македонија, кои имаат за цел да креираат (социјален) бизнис. Целта на предизвикот е да овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис. Најдобрите 3 бизнис плана ќе добијат награда во износ од 2000 УСД, за да креираат сопствен бизнис.   

Бизнис предизвикот ги опфаќа следните фази:
  1. Вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис план, каде учесниците ќе се запознаат подетално со процесот на започнување бизнис и ќе добијат соодветни насоки за тоа како треба да изгледа нивниот бизнис план.
  2. Менторство - секој учесник ќе добие индивидуално онлајн менторство од бизнис консултанти – експерти од областа на бизнис развој.
  3. Бизнис план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис план. Најдобрите 3 ќе добијат финансирање од по 2000 УСД секој, за креирање на бизнисот. Услов за искористување на средствата е  регистрација на нова компанија.
Сите заинтересирани лица може да се пријават тука, со краток опис на сопствената бизнис идеја, најдоцна до 18.09.2020.
Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата.

За повеќе информации: trainings@yes.org.mk, тел: 02 3108 891.



 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови