WEbarometer – анкета наменета за жени претприемачи

WEbarometer  е анкета наменета за жени претприемачи од било која земја ширум Европа.

На анкетата може да одговори секоја жена претприемач која е самовработена или е сопственик/косопственик на деловна активност што вработува други лица.

Резултатите од анкетата ќе бидат објавени во WEbarometer извештај, кој ќе биде претставен на првиот WEgate Самит кон крајот на септември 2020 година. Извештајот претставува годишна публикација како одраз на тековната бизнис клима на жени претприемачи ширум Европа.

Ќе се користи за да се информираат креаторите на политиките за критичните предизвици со кои се соочуваат жените претприемачи и прилагодената поддршка што може да се воведе на национално или на ниво на ЕУ.

Помогнете ни да ги отвориме вратите за жени претприемачи со спроведување на анкетата на следниот линк: https://survey.wegate.eu/c/webarometer-2020

Анкетата е достапна на англиски, француски, германски, шпански и италијански јазик.

Анкетата може да се пополнува до 31 јули 2020 година.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови