Партнерство за циркуларна економија – одржлив развој на МСП и регионален развој

Во јуни 2020 година, ПСМ Фондација во партнерство со Albanian Socio Economic Think Tank (Албанија) и Foundation for innovation and technology development (Босна и Херцеговина) започна со спроведување на проектот „Партнерство за циркуларна економија - одржлив развој на МСП и регионален развој“ ко-финансиран од Western Balkans Fund.

Циркуларната економија се разликува од линеарната по тоа што се фокусира на повторна употреба на материјали, обновливи материјали и поттикнува одржлив развој. Овој вид на економски систем го заменува концептот „крај на животен век“ преку повторна употреба, рециклирање и обновување на материјалите за време на производството, дистрибуцијата и потрошувачката. Ова вклучува истовремено подобрување на квалитетот на животната средина, економскиот просперитет и социјалната еднаквост, во корист на сегашните и идните генерации.

Главната цел на проектот е да придонесе за регионална соработка и зајакнување на регионалната кохезија во регионот на Западен Балкан.

Специфичните цели вклучуваат: зајакнување на регионалната соработка преку спроведување на мрежно работење и градење на капацитети на МСП и граѓанските организации; воведување на циркуларен економски концепт и градење вештини меѓу деловните субјекти и граѓанскиот сектор за премин кон циркуларна  економија; создавање нови работни места и јакнење на свеста за придобивките од кружната економија за деловните активности, меѓу клучните засегнати страни.

Главни целни групи на проектот се малите и средни претпријатија, граѓанските организации и јавните институции.

Во рамките на 12-месечниот проект, предвидени се повеќе активности:
- Активности за градење капацитети - програма за обука за МСП и ГО во 3 земји;
- Создавање краток онлајн курс преку за Циркуларна економија;
- Организација на Регионална конференција за циркуларна економија, со цел подобрување на соработката, вмрежување и споделување на искуства и подобрување на регионалните политики за циркуларна економија;
- Креирање на информативна брошура за придобивките од воведување на концептот на кружна економија во деловните активности.

Резултатите од проектот позитивно ќе влијаат на долгорочната регионална соработка, бидејќи таа е неопходна за регионот на Западен Балкан, имајќи ја предвид аспирацијата за членство во ЕУ. Резултатите ќе влијаат врз целокупната регионална економија, преку промовирање на концепт на циркуларна економија, пренесување на знаење, најдобри практики и поттикнување на дијалог.









http://westernbalkansfund.org/

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови