Отворен повик на акцелераторска програма за технолошки стартапи „MIT Enterprise Forum CEE“

„MIT Enterprise Forum CEE“ е акцелераторска програма која таргетира иновативни технолошки стартап компании од регионот на Централна и Источна Европа. Програмата се спроведува во соработка со познатиот институт за технологија во Масачусетс (Massachusetts Institute of Technology - MIT).
Акцелераторската програма обезбедува финансиска, правна и консултантска поддршка со која главната цел е интернационализација на стартап компаниите на странски пазари, со посебен фокус на Соединетите Американски Држави. Стартап компаниите кои ќе бидат избрани од страна на стручното жири ќе учествуваат во интензивна менторска програма и ќе добијат грант во висина од 50.000 долари.
Фокус сектори: Финансиски технологии, осигурување, енергија, градежништво, индустрија 4.0, здравје и медицина, дигитално здравје, маркетинг технологии и управување со отпад.
Критериуми за учество: Стартап компании со минимален одржлив производ (MVP).
Крајниот рок за аплицирање е 28 јуни.
Сите информации се достапни на следниов линк https://bit.ly/3boxzo9.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови