ВЕБИНАР „Систематизација како стратегија за раст“

Датум: 16.04.2020 (четврток)
Час: 12.00ч
Целна група: Мали и средни претпријатија
Јазик: Англиски
Котизација: Бесплатно
 
ЗА ВЕБИНАРОТ
ПСМ Фондација ги поканува сите мали и средни компании да учествуваат на бесплатниот вебинар „Систематизација како стратегија за раст“. Вебинарот ќе се одвива на база на студија на случај каде учесниците ќе имаат можност да дискутираат и разменуваат мислења со останатите учесници на прашања поврзани со примерот кој ќе се обработува.
 
ЗОШТО ДА УЧЕСТВУВАТЕ
Учесниците на вебинарот ќе имаат можност да се запознаат со следните аспекти:
  1. Поставете цели на бизнисот
  2. Фокусирајте се на вашата деловна стратегија
  3. Развијте одржлив бизнис модел
  4. Правете ги само оние работи кои ги правите најдобро
  5. Изградете силен тим
  6. Изградете ги вашите деловни системи
  7. Стандардизирајте ги вашите процеси
  8. Вашата улога во бизнисот ќе се промени со текот на времето
 
ПРИЈАВУВАЊЕ
Ве молиме, регистрирајте го учеството на следниот линк.
Вебинарот ќе може да го следите на следниот линк.
Приложениот документ ќе ви помогне да се регистрирате и да се вклучите.
 
МОДЕРАТОР
Д-р Драган Шутевски е професор во приватната високообразовна установа Евро колеџ, Куманово, во областа на управување со квалитет, оперативно управување и логистика, иновации и креативност и деловно моделирање. Тој е автор и коавтор на 20 трудови, 10 книги и повеќе извештаи за проекти и национални и регионални стратегии. Има повеќе од 10 години професионално искуство во развој на политики, совети и анализи, подготовка и спроведување на стратегии, програми, планови и проекти поврзани со паметна специјализација - поддршка на претприемништво. Консултант на повеќе од 100 стартапи и мали, средни и големи претпријатија во Република Северна Македонија во однос на претприемништво, иновации, континуирано подобрување и трансфер на технологија. Учествувал во над 20 проекти финансирани и поддржани од ОИК, Светска банка, ЕТФ, АДА, УНДП, УНЕСКАП, ГИЗ, ИПА фондови и домашни фондови.
 
 
ДОКУМЕНТИ ЗА ВЕБИНАРОТ
Презентација
Студија на случај
 
За повеќе информации контактирајте не на contact@yes.org.mk или 076 468 031.
Вебинарот се организира во рамки на проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската Унија.

     

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови