ОБУКА: Како да започнеш (социјален) бизнис, Струмица

Локација: Центар за развој на Југоисточен плански регион, Булевар Маршал Тито бр. 1-1, Струмица
Дати: 04.03, 05.03, 06.03, 09.03 и 10.03.2020
Време: од 10:00ч до 16:00ч
 
ПСМ Фондација, објавува повик за 5 дневна тренинг програма за почнување на (социјален) бизнис, во рамките на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, имплементиран ПСМ Фондација, а финансиран од Амбасадата на САД. Сите заинтересирани млади лица, од Источниот и Југоисточниот регион, на возраст од 18 до 30 години, може да се пријават за бесплатно учество на курсот за започнување (социјален) бизнис, кој ќе се одржи во Струмица и ќе ги опфати следните модули:
  • подготовка на бизнис план
  • пристап до финансии
  • правни регулации
  • маркетинг и продажба  
  • социјално претприемништво
Преземи агенда за обука.
Регистрирај се за обука тука!

Во рамките на проектот ќе се организира и бизнис предизвик во Штип каде секој од трите најдобри бизнис планови ќе добијат награда во износ од 2000 американски долари за реализација на сопствен бизнис. Посетителите на курсот ќе имаат предност при оценувањето за доделување на наградите.
Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата.

За повеќе информации: trainings@yes.org.mk, тел: 02 3108 891 и 02 3103 660.


Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/ авторот (ите) и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови