Обука „Еквити финансирање за мали и средни претпријатија“

Датум: 21 февруари 
Време: 10:00 - 14:00 часот
Локација: Фондација ПСМ, 16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
Предавач: Д-р. Анита Грозданов, редовен професор на Технолошко-металуршки факултет-Скопје (Национално контакт лице за програмата Хоризонт 2020 од Република Македонија)

 

Фондација Претприемачки Сервис за Млади организира еднодневна обука за претставници на мали и средни компании на тема „Искористување на моделот на еквити финансирање за мали и средни претпријатија“. Обуката е наменета за претставници на мали и средни претпријатија кои ќе се запознаат со алтернативните извори на финансирање, пред се на финансирањето преку еквити моделот (фондови на ризичен капитал, бизнис ангели, краудфандинг и др.). Учесниците ќе добијат зајакнато знаење за финансирање на бизнисот преку обезбедување еквити (удел) на трети лица во компанијата, договори со инвеститори, клаузули за заштита и др.    

 

Сите заинтересирани компании кои сакаат да испратат претставник на обуката потребно е да испратат мејл на aleksandar.filiposki@yes.org.mk најдоцна до 19ти февруари. Бројот на учесници е ограничен на 15.


Обуката е дел од активностите на проектот „Стимулирање на неформалниот пазар на ризичен капитал преку промоција на моделот на бизнис ангели“ кој ПСМ Фондација го имплементира со поддршка на Министерството за економија. 

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови