Управување со идните потреби на малите и средни бизниси во Европа главна тема на годишната конференција на Enterprise Europe Network

Годишната конференција на Еnterprise Europe Network се одржа во Хелсинки, Финска од 21-23 октомври 2019 година. На настанот беа присутни близу 800 учесници од 60 земји каде три дена имаше интензивно учење, споделување на знаење и мрежно поврзување. Присутни беа и многу центри за деловна соработка како и  претставници од европските институции. Се одржаа околу 1.000 билатерални состаноци помеѓу претставниците на мрежата од различни држави во текот на три дена на конференцијата со повеќе од 360 учесници.

Годинешното издание беше организирано од Европската комисија и Извршната агенција за мали и средни претпријатија (ЕАСМЕ) во партнерство со 3 мрежни партнери од Финска.

Европските мали и средни претпријатија и мрежата EEN се соочуваат со голем број предизвици, од големи промени во политичкото опкружување до брзата стапка на индустриска и технолошка промена. Во центарот на овие предизвици, главната тема за годинешниот беше: „Управување со идните потреби на малите и средни претпријатија“. На оваа тема беа опфатени низа сесии.

Клучните сесии беа фокусирани на тоа како мрежата може да им помогне на иновативните мали и средни претпријатија. На оваа тема имаше низа сесии што опфаќаа избор на теми, вклучувајќи:
  • Индустриска политика и одржливост
  • Поддршка за иновации
  • Интернационализација
  • Пристап до финансии
  • Дигитализација, вклучувајќи вештачка интелигенција (АИ)
На отворањето на настанот беше потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ) г-дин Александар Стуб. Почетен говор имаше финскиот претприемач Суви Хаими, извршен директор и ко-основач на „ Sulapac“, компанија за одржлива алтернатива на пластиката што е во мисија да го спаси светот од пластичен отпад.  

Свое излагање во првиот дел имаа и две компании од Финска, „Oi Oi“ и „Prometec“, кои се занимаваат со изнаоѓање на заменско решение за пластиката. Компаниите имаат добиено поддршка и совети од Enterprise Europe Network и успеале на најдат парнтери за соработка. Во своето излагање тие ја потенцираа важноста и потребата за користење на услугите кои ги нуди мрежата со цел полесен пристап до странски пазари.

Вмрежување помеѓу партнерите од Еnterprise Europe Network е клучна основа за подобра меѓусебна соработка што ќе резултира со решавање на предизвиците кои ќе помогнат на европските МСП да иновираат и да растат на меѓународно ниво. Годинашниот настан претставува основа за своите 3000 експерти да им помогнат на новите генерации иновативни и еколошки свесни МСП да напредуваат на глобалната сцена.

Enterprise Europe Network е најголемата светска мрежа за поддршка на малите и средни бизниси со меѓународни амбиции. Од 2008 година, таа им помогна на 3 милиони мали и средни претпријатија да иновираат и да растат на меѓународно ниво. Мрежата е активна во повеќе од 60 земји во светот. Собира заедно 3.000 експерти од повеќе од 600 организации-членки - сите познати по својата извонредност во деловната поддршка. Членови на Enterprise Europe Network се организации како што се стопански комори и индустрија, технолошки центри и истражувачки институти.

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови