ОБУКА: Како да започнеш (социјален) бизнис

Локација: Американско катче, ул. Вита Поп Јорданова бр. 5, 2000 Штип
Дати: 25.11, 26.11, 27.11, 29.11 и 02.12
Време: од 10:30ч до 16:30ч

ПСМ Фондација, објавува повик за 5 дневна тренинг програма за почнување на (социјален) бизнис, во рамките на проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, имплементиран ПСМ Фондација, а финансиран од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија. Сите заинтересирани млади лица, од Источниот регион, на возраст од 18 до 30 години, може да се пријават за бесплатно учество на курсот за започнување (социјален) бизнис, кој ќе се одржи во Штип и ќе ги опфати следните модули:
  • подготовка на бизнис план
  • пристап до финансии
  • правни регулации
  • маркетинг и продажба  
  • социјално претприемништво
Во рамките на проектот, ќе се организира и бизнис предизвик, каде секој од трите најдобри бизнис планови ќе добијат награда во износ од 2000 американски долари, за реализација на сопствен бизнис. Посетителите на курсот, ќе имаат предност при оценувањето за доделување на наградите.

Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе, особено жени од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи и отвараат нови бизниси, што  на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе,  претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата, креирање на одржлив економски развој,  повисока стапка на вработеност и помала имиграција.

Превземи агенда за обука!

Регистрирај се за обука тука!
Краен рок за аплицирање е 21.11.2019 (четврток), по што ќе следи известување на селектираните кандидати за почеток на обуката.


За повеќе информации: trainings@yes.org.mk, тел: 02 3108 891 и 02 3103 660.

Во рамките на проектот дополнително се планира одржување на тренинг програма за почнување на (социјален) бизнис и во Струмица, за што ќе следат информации на нашите веб страни.
 

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот (ите)/ авторот (ите) и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови