ОБУКА за компании: Циркуларна економија – преку редизајн на производите до минимизирање на отпадот и зголемување на профитот

Датум: 07 и 08 ноември, 2019
Време: од 09:00 до 16:00 часот
Локација: Фондација ПСМ, 16та Македонска Бригада 13б, 1000 Скопје
Предавач: Проф. д-р Лидија Наумовска
Котизација: 1000 денари  (цената на обуката е субвенционирана)
Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обука, ручек и освежување за време на кафе паузите.
 
Цуркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади-консумирај-отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали. Потпирајќи се на иновацијата низ целиот систем, таа има за цел да ги редефинира производите и услугите преку дизајнирање без отпад, истовремено минимизирајќи ги негативните влијанија. Циркуларната економија се базира на три основни принципи: 1) дизајн без отпад и загадување, 2) задржување на производи и материјали во употреба, 3) регенерирање на природните системи.
 
Кои се бенефитите?
  • Зголемување на профитот на компаниите
  • Зголемување на конкурентноста
  • Стимулирање на иновации и економски раст
  • Креирање на нови работни места и нови зелени индустрии
  • Подолготрајни иновативни производи
  • Подобрен квалитет на живот
  • Намалување на загадувањето
 
ПСМ Фондација организира дводневна обука за циркуларна економија, наменета за компании од преработувачката индустрија. Оваа обука има за цел да ги обучи кандидатите да го променат своето размислување за начинот на производство по линеарен модел, во нов, современ концепт, кој му е неопходен на нашето живеење, а тоа е концептот на циркуларна економија. Преку оваа обука, кандидатите ќе имаат можност да се запознаат со неопходната потреба за промена на активностите кон зголемување на еколошката култура, како и огромните можности кои ги нуди циркуларната економија, за отворање на нови работни места и создавање на голема заштеда на природните ресурси и енергијата во производството.
Циркуларната економија има огромен економски потенцијал, како катализатор на модернизацијата на економијата, а во исто време придонесува кон придобивки за околината.  
 
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
  1. Причини за појава на циркуларна економија
  2. Од отпад до суровини
  3. Климатски промени
  4. Линеарна наспроти циркуларна економија
  5. Легислатива на Европска Унија и Република Северна Македонија
  6. Потрошувачи – причина повеќе за развој на циркуларната економија
  7. Етика и општествена одговорност
  8. Претприемништво – извор на идеи за циркуларна економија
  9. Стратегии за развој на нови бизнис модели
  10. Студии на случај – примери за бизнис модели
  11. Практичен дел – развој на идеи
 
ЦЕЛНА ПУБЛИКА:
Обуката е првично наменета за компании од преработувачката индустрија.
 
ЗА ПРЕДАВАЧОТ:
Проф. д-р Лидија Наумовска е реномиран предавач на тема циркуларна економија, менаџмент и човечки ресурси. За време на нејзината работна кариера била вклучена во раководни функции во индустријата, сопственичка и менаџерка на приватни фирми, како и консултантка и советничка во менаџерскиот оддел. Нејзината кариера ја продолжува во академските води, на Европскиот Универзитет, каде предава група на предмети од областа на менаџментот, а 7 години работи како Ректор на Универзитетот. Автор е на голем број книги и трудови од областа на менаџментот, претприемништвото и циркуларната економија.
 
 
ПРИЈАВУВАЊЕ:

Пријавување на следниот линк!

Информации на trainings@yes.org.mk или на телефон 02 3103 660, 02 3108 891.

За уплата:
Примач – ПСМ Фондација
Банка на примач – Халкбанк
Сметка – 270000001048942
Цел на дознака: Обука Циркуларна економија
 
За онлајн уплата кликнете ТУКА!
 
ЗОШТО ПСМ БИЗНИС ИНКУБАТОР?
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од  120 компании, повеќе од 7200 млади луѓе  учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од  3500 млади луѓе и претставници од компании посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови