Бизнис акцелераторот УКИМ и Фондот за Иновации и Технолошки развој домаќини на индустрискиот акцелератор Колектор Дигитал од Словенија

Бизнис Акцелераторот УКИМ ја зајакнува регионалната поврзаност со клучните актери од Балканот и затоа беше домаќин на индустрискиот акцелератор Колектор Дигитал од Словенија. На настанот учествуваа стартапи поддржани од Бизнис Акцелераторот УКИМ и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), како и компании кои со поддршката од ФИТР креираат иновативни производи и услуги наменети за глобалниот пазар.


Во Центарот за трансфер на иновации и технологии – ИНОФЕИТ, денеска, Матеја Лаврич и Станислава Вабшек, преку презентација на услугите на Колектор Дигитал, се запознаа со клучните чинители од еко-системот за иновации и стартапи и се идентификуваат можностите за соработка во идина.

Глобалната партнерска мрежа на Бизнис Акцелераторот УКИМ на своите корисници им овозможува пристап до нивните услуги, полесен пристап до пазарот и последователните инвестиции. На овој начин иноваторите и стартапите од Македонија полесно ќе можат да го валидираат својот производ или услуга за да се овозможи брз пласман на глобалниот пазар.

Бизнис Акцелераторот УКИМ располага со фонд за инвестиции во иновативни стартапи во вкупен износ од 530.000 евра, со максимална инвестиција по стартап во износ од 133.000 евра.
Во ерата на дигиталната индустриска револуција, Колектор Дигитал веќе се етаблира како еден од водечките глобални даватели на решенија за паметни фабрики за иднината.



Клучна активност на Бизнис Акцелераторот УКИМ е да им овозможи на македонските иноватори и стартапи пристап до глобалното знаење, пазар и последователни инвестиции, и со засилена меѓународна соработка се надеваме дека ќе ги оствариме планираните резултати, истакна Александар Стамболиев, Извршен директор.

Колектор Дигитал го препозна потенцијалот на талентите и инфраструктурата за креирање и надградба на знаењето во Македонија, и со оваа посета сака да ги идентификува можностите за соработка и инвестиции во македонските технолошки решенија, кои може да применат во Колектор и во останатите слични индустриски капацитети глобално, истакна Матеја Лаврич, Извршен директор на Колектор Дигитал од Словенија.


***
Колектор лаборатории е внатрешен индустриски акцелератор, со фокус на пет технолошки столба: Вештачка интелигенција, роботика, зголемена реалност и виртуелна реалност (AR & VR), Симулациони технологии и дигитални платформи. Работејќи како отворена платформа за иновации, обезбедува брз и ефикасен развој на паметни дигитални решенија за индустријата 4.0.
Kolektor Ventures е корпоративен фонд за ризични инвестиции (Venture Capital Fund), кој што инвестира во стартапи од областа на Индустријата 4.0, вклучувајќи Интернет на нештата (IoT), Вештачка интелигенција (AI), Зголемена реалност и Виртуелна реалност (AR & VR), Виртуелни симулации, Роботика и Дигитални платформи.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови