„Креирај едукативни активности за најмладите“ - работилница за воспитувачи и одделенски наставници

Ако сте одделенски наставник кој секојдневно внесува нови, иновативни активности за учење и игра, или пак воспитувач кој се грижи децата да имаат структуриранo, забавнo и едукативно пополнето време за игра, ова е вашата прилика да ги споделите овие или/и да креирате нови активности, кои ќе бидат објавени на националната веб платформа за образование!
 
Како дел од проектот #Inno4Edu, СмартАп - Лабораторија за социјални иновации организира дводневна работилница „Креирај едукативни активности за најмладите“, наменета за едукатори, каде ќе се изработуваат дидактички материјали и игровни активности за спроведување на наставен час со деца од 3 до 10 години.

Работилницата ќе се одржи од 15ти до 16ти ноември во хотел Порта. 

Работилницата е отворена зa воспитувачи, одделенски наставници и сите едукатори кои работат со деца од 3 до 10 години и се инспирирани и мотивирани да придонесат кон поквалитетно образование на најмладите и да остават свој креативен белег на оваа платформа.
 
Сѐ што треба да направите е да пополните апликација на: https://bit.ly/2OyMZi2, најдоцна до 27.10.2019.
Може да се аплицира индивидуално или пак како тим со 3 до 4 члена.
 
Изработените активности подоцна ќе бидат јавно достапни и отворени за користење на националната веб платформа за образование. Платформата има за цел да прерасне во дом на голем број материјали и игри за едукација, место каде што одделенски наставници, воспитувачи и родители ќе можат да пронајдат материјали и инспирација за подобро спроведување на часовите, за имплементирање на нови начини на учење преку игра и креативни алатки за поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата од 3 до 10 години.
 
Повеќе информации за настанот прочитајте на официјалниот настан, а за проектот на https://www.innovationlab.mk/work/inno4edu/.
 
Овој настан е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“ #Inno4Edu кој е финансиран од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје, со поддршка на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и УНИЦЕФ, а го спроведува СмартАп – Лабораторијата за социјални иновации.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови