Повик за учество на младинска размена „The Road to Success of Future Leaders“ во Бугарија

Граѓанската организација „Европа на дланка“ од Бугарија во рамките на Еразмус + проект објавува повик за учество на 4 македонски учесници на 18-20 годишна возраст на младинска размена која ќе се одржи од 12-20 октомври во Узана, Габрово, Р. Бугарија.

Младинската размена „The Road to Success of Future Leaders“ ќе собере 31 учесник од Македонија, Чешка, Србија, Хрватска, Бугарија и Грција кои во 9 дена ќе имаат можност да бидат дел од различни активности чија цел е да ja подигнат свеста за личниот развој и независност во развитокот на своите лидерски способности, нивната улога при работа со млади луѓе како и развој на вештините, ставовите и пристапите кои им се потребни на лидерите за да имаат позитивно влијание на животите на младите луѓе.

Сместувањето и патните трошоци за учество на размената ќе бидат покриени од страна на организаторите. Обезбеденото сместување е во двокреветни и трикреветни соби во 3* хотел со вклучени оброци. Патните трошоци ќе бидат покриени во согласност со правилата на Еразмус+, а од Софија до Узана ќе биде обезбеден дополнителен автобуски превоз од страна на организаторите.

За повеќе информации и пријавување: evropanadlan@gmail.com

ИНФО ПАКЕТ !

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови