Повик за учесници на менторски сесии за отворање и развој на е-бизнис

Фондација за Претприемачки Сервис за Млади објавува повик за учество на персонализирани менторски сесии со искусни консултанти од областа на претприемништвото и е-бизнисот.

Претприемачите избрани за учество на менторските сесии ќе имаат можност во соработка со ментори да развијат персонализирани планови за започнување или подобрување на нивните бизниси, согласно потребите.
Дознајте како да го зголемите бројот на клиенти, кои се најсоодветни маркетинг алатки, како да ја подобрите ефикасноста на бизнисот и грижата за корисници, како да започнете со работа со онлајн продавницата, кои се клучните елементи итн.

Сите заинтересирани лица се поканети да ја пополнат формата за апликација, најдоцна до 25.09.2019.
Селектираните учесници ќе  бидат дополнително контактирани и информирани.

За повеќе прашања и информации контактирајте не на trainings@yes.org.mk
 
Поддржано од Град Скопје, имплементирано од ПСМ Фондација.


 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови