ПСМ Фондација заедно со проектниот конзорциум во состав на проектот БалканМед ИННОВА отвораат повик за учесници на онлајн курсеви на Веб-школата за претприемништво и доживотно учење.
ДАЛИ СИ?
- Млад човек, невработено лице или потенцијален претприемач кој сака да ги зголеми своите вештини за претприемништво и започнување на бизнис
- Претприемач кој сака да го прошири својот бизнис/ бизнис активности, кој сака да ги подобри знаењето и вештините за претприемништво и да ја зголеми конкурентноста на компанијата
- Мало или средно претпријатие
- Дипломиран, надвор од пазарот на труд и сакаш да го надоградиш твоето академско знаење
- Обучувач, млади истражувач, доктори на науки
ДАЛИ СИ ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ТВОИТЕ ВЕШТИНИ ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ИЛИ ВО НЕКОЈ ОД СЛЕДНИТЕ СЕКТОРИ?
- ИКТ за мали и средни претпријатија, со модули како: основни бизнис вештини во дигиталната ера, основи на ИТ, Frontend web development, Backend web development, Безбедност и усогласеност со регулативите.
- Туризам и културно наследство, со модули како: Менаџмент на туризам и културно наследство, Планирање и развој на туризам и културно наследство, Дигитално културно наследство, итн.
- Енергија и животна средина, со модули како: Енергија, Општество и економија, Иднината на енергијата, Глобалниот бизнис со енергија, Иновативни методи и политики за проценка на загадување на воздухот.
- Агробизнис, со модули како: Заштитни системи за одгледување храна, органско производство и сертификација, напредни технологии во преработка на храна.
- Претприемничка култура и бизнис етика
Регистрирај се на бесплатните онлајн курсеви на следниот линк!
Дополнително ќе те информираме по e-mail за пристап на курсевите за кои си заинтересиран. За успешно завршување на онлајн курсот, се добива и
сертификат за учество. Курсевите се на англиски јазик.
Учесниците кои успешно ќе ја завршат школата за претприемништво ќе имаат можност да аплицираат за
грант од 4000 евра, а повикот за истиот ќе биде објавен во наредниот период.
Повеќе информации на:
www.balkanmed-innova.eu или на 02 3103 660.




