МЛАДИХАБ Дигитална младина

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии- МАСИТ во соработка со Националниот младински совет на Македонија го претстави новиот проект   „МЛАДИХАБ Дигитална младина“, наменет за развој и унапредување на дигиталните вештини кај младите од 15-29 години во размена за општокорисна работа.

Програмата на МЛАДИХАБ центарот ќе цели кон премостување на јазот помеѓу потребите за дигитални вештини, јавниот сектор и потенцијалот на младите во земјата. Во зависност од нивните вештини, интереси и потребите во општините каде што живеат, младите ќе треба да учествуваат во различни општокорисни активности и на тој начин ќе се здобијат со ваучер за учество и следење на обуките.

Повеќе детали и информации околу програмата, времетраењето на обуките и начинот на аплицирање ќе бидат објавени наскоро.

Овој проект е подржан од Британската амбасада во Скопје и Фондот за добро владеење УКАИД,  имплементиран од стана на НМСМ и МАСИТ со поддршка на Претседателот на Република Северна Македонија.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови