Микро грантови достапни за мали и средни претпријатија од областа на чисто производство

Во рамките на KET4CleanProduction проектот, европски мали и средни претпријатија од областа на чисто производство (Clean production) се поканети да аплицираат за микро грантови со максимална вредност од 50.000 Евра, за проекти не подолги од 6 месеци.

Приоритет имаат 6 клучни технологии од областа на чисто производство: оптички технологии, микро инженерство, нано-електроника, индустриски био-технологии, нови материјали и напредно производство.

Со цел информирање и развивање на чистото производство на Балканот според искуствата на земјите од Европската Унија, балканските земји меѓу кои и Македонија имаат приоритет при аплицирањето за грантови.

Повеќе информации на следниот ЛИНК!

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови