ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на приватни претпријатија за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија на Република С.Македонија објавува јавен повик за надоместување на 60% од докажаните трошоци на деловните субјекти за сертификација на системи за квалитет според ISO стандарди, но не повеќе од 100.000 денари поединечно за секој деловен субјект- барател на средствата.

Право на учество на јавниот повик имаат:
  • Активни приватни претпријатија што се занимаваат со производство или услужни дејности;
  • Работење во траење од најмалку 6 месеци пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговски регистар);
  • Имаат деловно седиште на територијата на Република С. Македонија;
  • Активни приватни претпријатија кои не добиле субвенции во 2017 и 2018 година по основ на оваа намена;
Крајниот рок за поднесување Барања по овој јавен повик е 16.09.2019 година.

Повеќе информации и потребна документација на следниот ЛИНК!

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови