ЈАВЕН ПОВИК за кофинансирање на трошоци за едукација на вработени во микро, мали и средни претпријатија

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија на Република С.Македонија објавува јавен повик за кофинансирање на трошоци за едукација на вработени во микро, мали и средни претпријатија т.е за учество на обуки организирани од верифицирани установи и институции акредитирани од страна на Центарот за едукација на возрасни.

Максималниот износ за кофинансирање изнесува до 50% од докажаните трошоци за предвидената намена настанати во текот на 2018 и 2019 година, но  не повеќе од 60.000 денари по барател/претпријатие.

Крајниот рок за поднесување Барања по овој јавен повик е 16.09.2019 година.

Повеќе информации и потребна документација на следниот ЛИНК!

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови