ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за учество на домашни, регионални и меѓународни саеми

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2019 година, Министерството за економија на Република С.Македонија објавува јавен повик за финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за учество на домашни, регионални и меѓународни саеми преку кофинансирање на 60% од докажаните трошоци.

Право на учество на јавниот повик имаат домашни микро, мали и средни претпријатија кои:
  • Имаат деловно седиште на територијата на Република С. Македонија;
  • Спаѓаат во категоријата на микро, мали или средни компании;
  • Имаат намирени обврски кон државата и вработените;
  • Имаат статус на активно претпријатие;
  • Вршат претежна дејност (наведена во тековната состојба) која спаѓа во секторот С/В- Преработувачка индустрија, согласно Националната Класификација на Дејностите (Рев.2);
Крајниот рок за поднесување Барања по овој јавен повик е 16.09.2019 година.

Повеќе информации и потребна документација на следниот ЛИНК!

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови