Манифестација „Иновативно претпријатие на годината 2019“

На 29 мај со почеток во 10.30 часот во хотел Александар Палас ќе се одржи манифестацијата за прогласување  на победниците од националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“.

Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината“ е признание кое се доделува на иновативни македонски претпријатија кои успешно лансирале иновација во своето работење. Конкурсот има за цел да промовира успешни бизнис модели и достигнувања базирани на иновации и нови технологии од македонски компании во сите индустриски сектори. 

Се повикуваат сите заинтересирани кои сакаат да учествуваат на манифестацијата да се регистрираат на следнава форма.
 

 Драфт агенда 

 10:30 

Пристигнување и пријавување

11:00

Поздравно обраќање 

Национален натпревар „Иновативно претпријатие на годината 2019“

ПСМ Фондација

11:15

Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори

Влада на Република Северна Македонија

11:20

Претставник на Делегацијата на Европската унија во Скопје

Делегација на Европската унија во Република Северна Македонија

11:25

Претставник на Град Скопје

Град Скопје

11:30

Прогласување на победниците на Националниот натпревар „Иновативно претпријатие на годината

Наградите ќе бидат врачени од Заменик на Претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори.

Паричните награди ќе бидат врачени од Градот Скопје.

 12:00

 Коктел и вмрежување 

Проектот е имплементиран од:  

       

 


Поддржано од:

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови