Национален младински хакатон: Запри го одливот на „млади мозоци“

Здружението LEAD, во соработка со фондацијата Конрад Аденауер и Вилфрид Мартенс Центарот за Европски студии објавува повик за учесници на хакатон за спречување на одливот на „млади мозоци“ кој ќе се одржи од 17 до 19 мај во Охрид, како продолжение на регионалниот настан кој се одржа во 2018 година на истата тема. 

Целта на настанот е да се придонесе кон националните политики за спречување на одливот на мозоци во Северна Македонија. Настанот ќе опфати 30 учесници (институционални претставници, граѓански активисти и индивидуалци) кои сакаат да придонесат кон темата преку интензивен дијалог и развој на мерки и политики.
 
Настанот е наменет за лица со најмалку 2 годишно искуство во работа со една од следните области кои се поврзани со одливот на мозоци: вработување, претприемништво, човекови права, младински стандард итн. и се дел од некоја граѓанска организација или делуваат самостојно.
На настанот дополнително ќе бидат поканети и претставници на релевантни институции поврзани со областа.

Сите трошоци поврзани со настанот ќе бидат покриени од страна на организаторот.

Повеќе информации за повикот и за начинот на аплицирање можете да најдете на следниов линк: 
 http://lead.org.mk/?page_id=1215.

Форма за апликација:  http://bit.do/eRDTi

Рокот за испраќање на апликациите е 10 мај (23:59).
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови