Јавен повик за финансирање на предлог проекти

Фондот за иновации и технолошки развој во рамките на Инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации објавува Јавен повик за поднесување предлог-проекти за финансирање.

Поддршка ќе биде доделена на проекти со јасна комерцијална цел кои се во фаза на прототип (или соодветна фаза во зависност од видот на иновативниот производ, услуга, процес) се до пред-комерцијална (пред-пазарна) фаза.

Инструментот е наменет за микро, мали и средни претпријатија и приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. Инструментот нуди финансиска поддршка на претпријатија и ПЗУ регистрирани во Република Македонија со цел да развијат и имплементираат иновативни решенија, вклучувајќи поддршка на претпријатија и ПЗУ со висок потенцијал за раст.

Јавниот повик се однесува на кофинансирање на предлог проекти до максимален износ на финансиска поддршка од страна на Фондот до 325.000,00 (три стотини дваесет и пет илјади) евра при што зависно од големината на правното лице- апликант, максималниот износ на процентот на кофинансирање од страна на Фондот е:
  • 70% (седумдесет проценти) за микро и мали правни лица;  и
  • 60% (шеесет проценти) за правни лица со средна големина.
 
Аплицирањето на повикот е отворено до 15.05.2019, заклучно со 23:59 часот.
Повеќе информации и целосниот повик може да се најдат на следниот линк:
http://www.fitr.mk/inovacii/

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови