Прирачник: Етички упатства за доверлива вештачка интелигенција

На 18 декември 2018, Експертската група за вештачка интелигенција од висок ранг на Европската Комисија презентира драфт верзија на работниот документ кој содржи етички упатства за вештачката интелигенција. По периодот на консултација и резивија на над 500 примени коментари, во април 2019 беше објавена и ревидираната верзија на прирачникот „Етички упатства за доверлива вештачка интелигенција“.

Врз основа на фундаменталните права и етичките принципи, во Прирачникот се наведуваат седум клучни барања што системите за вештачка интелигенција треба да ги исполнат за да бидат доверливи. Со цел операционализирање на овие клучни барања, Прирачникот претставува листа за оценување која нуди насоки за практично спроведување на секое барање. Оваа листа за оценување ќе подлежи на процес на пилотирање во кој ќе може да се приклучат сите заинтересирани страни, со цел да се соберат повратни информации за квалитетот на ревидираниот прирачник.

Прирачникот достапен ОВДЕ!

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови