Втор настан од серијата „Мојата Претприемачка Експедиција“ на МИТ Универзитет

По успешно организираниот прв настан, каде гостуваа Г-дин Борис Ефтимовски од Маркетинг 365 и Сергеј Зафироски од Инсајдер ИД, Економскиот факултет при МИТ Универзитет го организира вториот од серијата настани на тема „Мојата Претприемачка Експедиција“.

Како говорници ќе бидат Аријана Коскарова основач и генерален менаџер на “Creative HUB” и овогодинешен “Forbes 30 under 30”, Огнен Огненовски и Бојан Џиков од Таргет Груп кои секој од своја гледна точка ќе го посочи основањето на ист бизнис и Славчо Бујароски од Сигма СБ кој ќе сподели дел од своето долгогодишо искуство.

Како и на претходниот настан, и овој пат говорниците ќе се обидат да одговорат на прашањата, Што е тоа Претприемништво? Што ги поттикнува да започнат со сопствен бизнис? Кои се предизвиците со кои се соочуваат? Што би промениле повторно ако започнат? Како ги финансираат своите бизниси? Зошто го избрале токму тој бизнис со кој се занимаваат? Дали имаат други идеи за бизнис? Кои се најголемите потешкотии со кои се среќаваат? Што е потребно за успешен бизнис? Како опкружувањето влијае на бизнисот?“

“На првиот настан добивме голем број на прашања на темата на која говоревме, што е особено позитивно дека учесниците сакаа да дознаат нешто ново и несвојствено. Се обидовме да го споделиме нашето искуство колку што можевме пореалистично односно говоревме за претприемништвото какво што навистина е, без шминка и изнесување на позитивни аспекти” изјави Сергеј Зафироски еден од говорниците на првиот и коорганизатор на серијата настани.

На вториот настан учесниците ќе имаат можност да го слушнат Славчо Бујароски, Основач и Генерален Менаџер на софтверската компанија Сигма-СБ кој може да го носи епитетот “Роден претприемач” бидејќи и по повеќе од 20 години во бизнисот сеуште секојдневно пласира нови идеи и производи на пазарот. Аријана Коскарова која има богато искуство во американскиот корпоративен свет, додека на настанот ќе го сподели искуството од основањето на “Creative HUB” се до прогласувањето на Forbes 30 under 30 оваа година. Интересно е да се слушнат и “експедициите” на Огнен Огненовски и Бојан Џиков кои иако ја претставуваат истата компанија Таргет Груп, ќе го споделат своето искуство секој од својата “гледна точка” што ќе им овозможи на учесниците да осознаат како се води успешно партнерство во Македонија.

Учесниците ќе имаат можност да постават голем број на прашања и да добијат одговори што се од нивни интерес особено доколку имаат желба да започнат со сопствен бизнис. 

Настанот ќе се одржи на 10-ти Април со почеток од 17.30 часот во просториите на МИТ Универзитетот (Плоштад Македонија - Сити Галери над Теранова), а учеството за сите кои се заинтересирани е бесплатно.

Линк за пријавување https://forms.gle/LMJfoUP57SoFoMmh6

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови