EIT DIGITAL VENTURE PROGRAM

EIT Digital Venture програмата поддржува претприемачки тимови од 19 земји со „deep-tech“ бизнис идеи за финализирање на нивните минимално одржливи производи и почеток на потфатите. Со финансиска поддршка од најмногу 15.000 евра и шест неделна пред-ацелераторска фаза реализирана од 4 регионални партнери во Грција, Латвија, Португалија и Словенија, програмата се стреми да помогне во лансирањето на нови дигитални, технолошки бизниси.

Се бараат ентузијастички, претприемачки тимови од најмалку двајца членови со иновативна бизнис идеја,„Proof of Concept (PoC)“ или прототип кои немаат регистрирано правен ентитет за истиот проект и кои ќе се во можност да ги финализираат производите во текот на интензивната 6-неделна пред-акцелераторска фаза и ќе оперираат во една од следниве области и региони:
  • Дигитална индустрија
  • Дигитална технологија
  • Дигитална благосостојба
  • Дигитални финансии
  • Дигитални градови
Регион 1: Босна и Херцеговина, Хрватска, Северна Македонија, Црна Гора, Словенија, Србија
Регион 2: Албанија, Бугарија, Грција, Романија
Регион 3: Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Полска, Словачка
Регион 4: Малта, Португалија

Селектираните тимови за учество во програмата ќе бидат наградени со „Пакет за раст“ (прва фаза од програмата) составен од:
  • Финална награда од 5.000 евра
  • Поддршка за развој на бизнисот од врвни меѓународни менторски тимови за време на дводневниот „bootcamp“ и 6-неделната пред- акцелераторска фаза кај еден од партнерите на програмата
  • Пристап до EIT Digital пан-европската мрежа на партнери
  • Медиумска покриеност
  • Можност да се натпреваруваат за финална награда од 10.000 евра за најдобрите тимови кои ќе ги воведат и развијат своите минимално одржливи производи и се ќе бидат избрани од нашата експертска комисија (втора фаза од програмата)
 
Форма за онлајн апликација:
https://fondazioneeitdigitalitaly.submittable.com/submit/136172/eit-digital-venture-program-2019

Рок за аплицирање: 5 мај 2019

Повеќе информации за програмата се достапни на следниот линк:
https://www.eitdigital.eu/venture-program/
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови