Отворен повик за Startup Acceleration Program на Бизнис акцелераторот УКИМ

Новоформираниот Бизнис акцелератор УКИМ го објави првиот отворен повик за својата Startup Acceleration Program.  
Startup Acceleration Program- Пролет 2019 е првата програма организирана од новоформираниот Деловно – технолошки акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори кој е подржан од Фондот за иновации и технолошки развој. Во следните 3 години, 500.000 евра ќе бидат инвестирани во селектираните стартапи од Македонија кои во текот на 8 недели ќе работат со домашни и странски експерти и ќе добијат поддршка за развој на бизнисите.
Програмата ќе финализира со „Демо Ден“ кога стартапите ќе имаат можност да се претстават пред Комитетот за инвестиции при акцелераторот УКИМ и да добијат потенцијална ивестиција од најмногу 25.000 евра.

Startup Acceleration програмата е отворена за сите стартапи, претприемачи и компании во рана фаза на развој кои ги исполнуваат следните услови:
  • Компанија не постара од 5 години, регистрирана во Македонија, или ќе се регистрира до крајот на програмата
  • Поседуваат прототип од иновативен и технолошки производ/услуга
  • Одличен и функционален тим
  • Се посветени кон решавање проблеми, флексибилни и отворени за критики
Апликациите се отворени до најдоцна 17 март 2019, на следниот линк: http://bit.do/eKnZJ

Селектираните апликанти ќе бидат повикани на интервју.

За повеќе информации: accelerator@ukim.edu.mk

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови