Интегрирање на етничките малцинства на пазарот на трудот преку поттикнување на нивниот потенцијал за вработување
Проектот е финансиран од Европската унија
Македонски
Македонски
Albanian
Изградете го патот кон вашата претприемачка иднина!
Почетна
Меѓународна соработка
Понуда
Настани
Побарувачка
Европски проекти
Категории
Новости
Обуки
Огласи
Интервјуа
Едукација
Ресурси
Е-продавница
Регистрирај се
ОБУКА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
ОБУКА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
17.01.2019
Обуки
“There are three responses to a piece of design – yes, no, and WOW!” –
Milton Glaser
Изрази ја својата креативност!
- Научи ги основите и принципите на графичкиот дизајн
- Научи да работиш во
Adobe Photoshop
и
Adobe Illustrator
преку работа на реални проекти и решенија
- Поттикни ја твојата креативност и реализирај ги твоите идеи во дигитална форма
Инфо за обука
Датум за почеток
: 12.02.2019
Времетраење
: 43 часа (распоредени во 15 дена)
Термини
: вторник и четврток од 18.00 – 20.30ч
Локација
:
YES бизнис инкубаторот во Автокоманда
Цена
на обуката
: 7.990 МКД
- 10% попуст за студенти и невработени =
7190 МКД
(со приложување на индекс или потврда)
-
10% попуст за пријавување на двајца учесници
- 10% попуст за
рана уплата до 07-ми февруари
, четврток
- Попустите не се комбинираат
Во цената е вклучен сертификат за учество на обуката, материјали за обуката, кафе и учество со портфолио на онлајн изложба.
Можност за плаќање на 2 рати.
Пријавување на следниот линк!
Информации
на
trainings@yes.org.mk
или на телефон 02 3103 660.
Онлајн изложба
: По завршувањето на обуката, ќе биде креирана и онлајн изложба на дизајните добиени од конкретната работа на учесниците на обуката со цел промоција на дизајнерите и нивните портфолиа во пошироката јавност.
Погледнете ја онлајн изложбата од учесниците од претходната група!
Програма за обука (43 часа)
Графичкиот дизајн претставува визуелна комуникација, уметност која има конкретна задача и цел. Програмата на оваа обука е конкретна, практична и ориентирана кон уметноста и техниката.
Целта на оваа програма е поттикнување на креативноста на учесниците и подигнување на нивото на естетика на графичко изразување и изработка на графички решенија. Учесниците на оваа обука ќе се запознаат со темелите на графичкиот дизајн, естетските вештини како типографија, илустрација, фотографија, симболи и боја, како и основните софтверски алатки кои се користат во индустријата. По секој час, планирана е изработка на домашна работа со цел практикување на наученото.
Содржина:
- Вовед, примена и форми на графички дизајн
: Теорија низ примери
- Современа теорија на боја и типографија
: Колорни контрасти, хармонија, RGB, CMYK и PANTONE компјутерски палети, правилно користење на типографија
- Растерска наспроти векторска графика
: Поими и споредба (Photoshop наспроти Illustrator), фотографски техники и алатки, користење на фотографија во графички дизајн
- Adobe Photoshop
: Манипулација со фотографија, изработка на визит карти, изработка на плакат и постер, користење и креирање на готови урнеци (mockups), изработка на корица за книга, подготовка за печат
- Adobe Illustrator
: Манипулација со фонтови, изработка на лого, изработка на илустрација, подготовска за печат
За кого е наменета обуката
Идеален курс за креативци, дизајнери, мали фирми и сите оние кои сакаат да се претстават себе и своите идеи во графичко решение.
Курсот е наменет за сите оние кои сакаат да ги научат основите и принципите на графичкиот дизазјн, како и оние кои сакаат да ги усовршат постоечките знаења. Вистински предизвик за средношколци, студенти и возрасни.
За обуката не е неопходно претходно искуство од дизајн или програмите кои ќе се изучуваат.
За предавачот
Ратко Мирчески
е дипломиран информатички инженер по интернет и мобилни технологии, а графичкиот дизајн му е пасија уште од најрана возраст. Со цртање и дизајн се занимава уште од основно и средно училиште. Образованието го продолжува на Природно-математички факултет (Институт за информатика) каде ги проширува своите знаења во областа на графичкиот и веб дизајнот (HTML, CSS, Flash, JavaScript, .NET ...). При крајот на своите студии е главниот веб дизајнер за македонското издание на популарното германско списание Computer Bild, а истовремено го основа и тимот кој започнува да држи компјутерски курсеви во рамки на приватно училиште каде успешно работи како предавач повеќе од 10 години.
Моментално е постојано вработен во македонската компанија Алфа Аудио како ИТ администратор и консултант, каде меѓу другите обврски е одговорен и за содржините на веб сајтот и сите маркетинг активности на компанијата. Истовремено работи како слободен веб и графички дизајнер, соработува со неколку веб портали, а дел од своите креации ги пласира за продажба и преку повеќе веб сајтови за stock фотографии како Fotolia, BigStockPhoto и др.
Пријавување
Пријавување за обука на следниот линк!
Повеќе информации
може да добиете на
trainings@yes.org.mk
или на телефон 02 3108 891 и 02 3103 660.
За онлајн уплата кликнете тука!
За уплата во банка:
Примач:
ПСМ Фондација
Банка на примачот:
Халкбанк
Сметка:
270000001048942
Цел на дознака:
Обука за Графички дизајн
Зошто ПСМ бизнис инкубатор
ПСМ Фондација, со главна компонента бизнис инкубатор, постои од 2005 година и претставува вистински синоним за претприемништво. ПСМ Фондација како дел од своите активности нуди специјализирана бизнис поддршка, организира бизнис настани, настани за вмрежување, како и тематки обуки и ИТ обуки.
Во изминатите години поддржавме и овозможивме раст и развој на повеќе од
100 компании
, повеќе од
7200 млади луѓе
учествуваа на настаните кои ги организиравме и повеќе од
3500 млади луѓе и претставници од компании
посетуваа обуки поврзани со претприемништво и ИКТ индустрија.
Биди и ти дел од оваа успешна приказна!
КАТЕГОРИИ
Новости
Обуки
Огласи
Интервјуа
Едукација
Ресурси
Популарни тагови
ПСМ Фондација
обука
бизнис
иновации
европска унија
Прикажи ги сите тагови
Пријави се
Пријави се за да ги добиваш нашите најнови вести и промоции
Ние ја почитуваме Вашата приватност
×
Код за валидација