Фондот за иновации и технолошки развој го презентира предлог концептот за идниот НТП

Фондот за иновации го презентира Нацрт предлогот за основање на Научно технолошки парк кој го изработува тим од експерти финансиран од ЕУ.

Носител на проектот е Фондот за иновации и технолошки развој, Министерството за информатичко општество и администрација, а во реализацијата се вклучени и други државни институции.
Според предлог концептот Научно технолошки парк ќе биде сместен во кампусот на Технички факултети на Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, а реализацијата ќе се одвива во две фази. До крајот на 2019 година е предвидено отворање на првиот дел од Научно технолошкиот парк, а во втората фаза која треба да се реализира во следните пет години е предвидено проширување и изградба на нови капацитети и лаборатории. Препорака во нацрт студијата е главна област на специјализација во паркот да биде ИТ секторот, но во иднина може да се прошири и со други сектори врз основа на барањата и потребите на пазарот и академската заедница.

Тимот експерти преводени од Александер Баковски од Полска, на присутните им ги презентираа и резултатите од анкетата за конкуренцијата и капацитетите којашто покажува дека над 150 организации изразиле потреба од користење на инфраструктура на НТП. Тоа според нив е голем индикатор дека постои голем пазар и високи очекувања од НТП во земјата.

Претставниците на академската и бизнис заедницата активно учествуваа во дебатата со конкретни прашања и предлози, кои ќе бидат земени во предвид во финализацијата на документот на студијата за изводливост на НТП, која треба да биде завршена до почетокот на 2019 година.
По финализирање, студијата ќе биде презентирана пред Владата на Р.М за усвојување и натамошна реализација на проектот.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови