Видео: “Жените претприемачи прашуваат”

Преку имплементација на проектот Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика“, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување - координатор во партнерство со Здружението на бизнис жени  и ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска беа реализирани голем број на активности и постигнати бројни резултати во полето на женското претприемништво. Главна цел на проектот е да го зајакне придонесот кон економската политика и ефикасноста на граѓанските организации кои делуваат на полето на женското претприемништво, како и да помогне при позиционирањето на жените претприемачи и нивните организации како едни од клучните социјални партнери во реформските и ЕУ интегративните процеси.

За да се постигне целта проектот промовира серија на активности за застапување на интересите на жените претприемачи, вклучувајќи и формирање на прв Национален совет за женско претприемништво – НСЖП заради координација на граѓанските организации и вмрежување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво. Една од активностите на проектот што е во линија и со акцискиот план на НСЖП е креирање на видео насловено како “Жените претприемачи прашуваат” каде жени претприемачи поставуваат прашања важни за нивните бизниси и генерално за унапредување на состојбите во женското претприемништво, а одговорите ги даваат претставници од релевантните министерства и други национални институции кои делуваат во наведените области.

Видеото е наменето за запознавање и едукација на пошироката публика, вклучувајќи ги и граѓанскиот сектор и институциите кои делуваат во областа на женското претприемништво, со цел проширување на нивното знаење и кревање на свеста за значењето на женското претприемништво. Воедно на сите учесници  им се нуди можност за промоција на нивните активности/организации/институции.



Прашањата ги поставуваат:
  • Пенка Мукаетова – Консалтинг интер груп, ДООЕЛ Кавадарц
  • Сузана  Наумоска  - Изида Охрид ДООЕЛ
  • Тања Дејаноска – Дентал интернационал – Дејаноски
  • Елисавета Маринковска – Марсаж ДООЕЛ Скопје
  • Антоанета Петровска – Мегасофт ПЛУС Битола
  • Станка Мартиновска – Мани консалтинг Скопје
  • Весна Апостолоска – Мали нешта Скопје
  • Валентина Ѓорѓиева – Претприемачка, членка на Здружението на бизнис жени
  • Билјана Индова – Претприемачка – членка на Здружение на бизнис жени
  • Јелена  Равњак – Омни принт Скопје
Одговор на прашањата даваат:
  • Зорица Апостолска – Министерка без ресор задолжена за странски инвестиции
  • Сања Саздовска – Државен советник национален координатор за репродуктивно здравје во Министерство за здравство
  • Ѓултен Мустафова – Раководител на сектор за еднакви можности во Министерство за труд и социјална политика
  • Елизабета Тодорова – Раководител на одделение за претприемништво и конкурентност на МСП во Министерство за економија

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови