Лансиран новиот портал „Funding & Tender Opportunities“ на Европската Комисија

Порталот „Funding & Tender Opportunities“ на Европската Комисија претставува влезна точка за учесници и експерти во програмите за финансирање и тендерите управувани од Европската Комисија и други тела на Европската Унија.

Оваа платформа која е замена за претходниот „Participant Portal“ има за цел да им овозможи на сите мали и средни претпријатија, граѓански организации, истражувачи, експерти и  почетници да го споделат своето знаење и пронајдат нови можности за финансирање и соработка со Европската Унија. Преку поедноставена процедура, без посредници, со помала бирократија и брзо, порталот за финансирање и тендери нуди полесна достапност на фондовите на ЕУ со еднакви можности за сите да ги претворат своите идеи во реалност.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови