Покана на првата Б2Б средба во рамките на проектот Green ICT Development – GIVE

Во рамки на проектот Green ICT Development – GIVE ќе се одржи првата Б2Б средба во хотел TCC Grand Plaza, Скопје на 12-13 декември 2018 година.
 
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ како дел од конзорциумот на проектот го организира овој настан каде ќе бидат присутни организации и компании од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор.
Главна цел на настанот е вмрежување на национално и регионално ниво на компаниите од трите сектори.
Дополнително, за време на настанот, партнерите од проектот ќе презентираат финален извештај од состаноците на трите Фокус групи во рамки на проектот, кои беа посветени на следните теми:
 
• имплементација на меѓу-индустриска соработка (дефинирање на можни технолошки решенија за меѓу-индустриска соработка, нови производи, услуги и иновативни процеси)
• бариери за интернационализација на мали и средни претпријатија
• потенцијал за интернационализација и заинтересирани трети пазари.

 Агендата за настанот може да ја погледнете ОВДЕ.
 
Сите учесниците на настанот ќе имаат шанса да учестуваат во Б2Б средбите, за кои е потребна претходна регистрација на следниот линк.

Компаниите ќе имаат дополнителна можност во склоп на Агендата, да презентираат свои активности, производи, услуги и секако да разговараат за заеднички проекти, партнерства, размена на искуства и информации за пазарот.
 
Доколку вашата компанија е заинтересирана да направи презентација во склоп на настанот, ве молам контактирајте го Стефан Додевски, од МАСИТ на следниот број 078/296-487 или емаил stefan.dodevski@masit.org.mk
 
Настанот ќе има регионален аспект во кој кластерите и компаниите од ИКТ, автомобилскиот или green tech сектор ќе бидат дел од следните земји: Бугарија, Албанија, Србија, Романија, и Латвија.

Присуството на настанот е бесплатно, а сите заинтересирани можат да се го регистрираат своето учество на следниот линк.
 
За повеќе информации:
Стефан Додевски (МАСИТ)
Тел: 078 296 487
Емаил: stefan.dodevski@masit.org.mk

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови