Европска Инвестициона Банка одобри финансирање од 5 билиони евра за иновации, обновливи извори и домување

Европската Инвестициона Банка одобри финансиска инвестиција од 5 билиони евра за секторите на одржлив транспорт, обновлива енергија, индустриска иновација, социјално домување и интернет и мобилни телекомуникации. Во рамките на дводневната средба во Букурешт, управниот одбор на ЕИБ донесе одлука за поддршка на трансформативни проекти во Европа, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток.
 
Одобрен кредит од рекордни 450 милиони евра за земјоделството во Романија
Претседателот на ЕИБ Werner Hoyer и заменик претседателот за кредитирање во земјата - Andrew McDowell го потврдија едно од најголемите финансирања во земјоделскиот сектор направено некогаш во Романија. Нoвиот кредит од 450 милиони евра ќе ја потпомогне земјоделската инвестиција на 3000 фарми и ќе ги подобри јавните сервиси во руралните региони.
Одборот на директори на ЕИБ кој е составен од претставници-акционери на 28те членки на ЕУ и Европската Комисија се состанува еднаш годишно во земјата која ќе претседава со ЕУ во следната година- во овој случај Романија, која ќе го преземе претседателството на 1 јануари 2019.

Урбан развој и подобрување на социјалното домување
Поддршката на ЕИБ за подобрување на енергетската ефикасност во домувањето е дел од 482те милиони евра наменети за финансирање на урбани и станбени проекти, согласно септемврискиот состанок на Управниот одбор.

Искористување на обновливата енергија и намалување на потрошувачката на енергија
Вкупно 1.2 билиони евра се одобрени за кредитирање на пет нови енергетски проекти. Помеѓу проектите се 21 фарми за ветерници во Шпанија како и нови проекти за соларна и обновлива енергија.

Поддршка на индустриски иновации и подобрување на компетентноста
Европската Инвестициона Банка одлучи да додели повеќе од 820 милиони евра на 6 проекти за поддршка на индустриското инвестирање во Европа.

Поддршка на инвестициите на приватниот сектор со локални партнери
Одборот одобри поддршка за компании од Италија и МСП од Шпанија кои инвестираат во земјоделството, туризмот, индустријата и секторот на услуги заедно со новата микро-финансиска иницијатива од 70 милиони евра за помош на микро-претпријатијата низ Западен Балкан и Северна Африка.
 
Подобрување на мобилните и broadband комуникации
ЕИБ има успешна историја на поддршка на телекомуникациските инвестиции во светот како и развојот на нова технологија, подобрување на мобилната покриеност и брзата broadband конекција.

Засилување на урбаниот и националниот одржлив транспорт
Одборот на ЕИБ поддржува нови проекти за градски железници во Аугсбург, Каунас, Буенос Аирес и Дака. Постоечката железница во Чешка ќе се модернизира и менаџментот на железничкиот сообраќај низ 13.600 км од Полската железница ќе биде трансформиран со помош на новото кредитирање од ЕИБ.

Подобрување на санитарните услови и достапност до чиста вода
Европската Инвестициона Банка е најголемиот интернационален финансиер на инвестициите за вода. Конструкција на објект за прочистување на вода во престолнината на Камбоџа, Пном Пен и набавка на чиста вода и санитарија во Узбекистан се најновите проекти одобрени на состанокот на Управниот одбор од Семптември.  
 
Дополнителни 4.7 билиони евра нова инвестиција подржана од Инвестициониот План за Европа.
Европскиот Фонд за Стратегиски Инвестиции ќе го гарантира финансирањето на 14 нови проекти одобрени од Управниот Одбор на ЕИБ со мобилизација на тотална инвестиција од 4.7 билиони евра. Ова вклучува медицински истражувања, нова одржлива транспортна инфраструктура и обновливи енергетски шеми.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови