Креирани водичи за иновации и финансирање иновации за мали и средни претпријатија

Фондација Претприемачки Сервис за Млади во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и АРК Фонд од Бугарија во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка на иновации“ креираа два водичи за мали и средни претпријатија: Водич за иновации за мали и средни претпријатија и Финансирање иновации- Водич за мали и средни претпријатија.
 
Водичот за иновации за мали и средни претпријатија (МСП) обезбедува информации за основните алатки што се применуваат во разните МСП за поддршка на иновациите и е наменет да помогне во процесот на одлучување за корисноста од примената на одредена иновациска алатка, колку таа одговара на определените цели и работното опкружување. Воедно, водичот претставува прв сеопфатен практичен прирачник од областа на иновацискиот менаџмент достапен на македонски јазик.


 
Водичот за финансирање иновации за мали и средни претпријатија ја дефинира улогата и важноста на финансиите за иновацискиот процес, ги опишува актерите и механизмите во процесот на финансирање иновации и нуди преглед на Европски и национални извори и можности за финансирање.

 
Водичите се наменети како за персоналот на МСП така и за лица кои не го поседуваат севкупното познавање на многуслојниот иновациски процес, а кои сакаат или мораат да ги спознаат основите на една успешна иновациска практика. Следствено, адресирани се и потребите на услужниот персонал, маркетинг персоналот, студентите, консултантите и сите останати кои се стремат кон поголемо знаење во областите поврзани со економијата и иновациите или кон поголема конкурентност и иновативност во нивните компании. 
 
Двата водичи, бесплатно, може да се погледнат и преземат  на следниот линк: http://www.pretpriemac.mk/resursi

 
Проектот „Јакнење на капацитетите на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“ е финансиран од Европската унија, во рамките на програмата ИПА за јакнење на конкурентноста на националната економија и се стреми да придонесе кон креирање на силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот на иновативни бизниси.





Проектот е имплементиран од: 
    

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови