Инструменти за финансиска поддршка во рамки на столб 3 од Планот за економски раст

  1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели“)
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст во насока да станат „Газели“. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 10.000.000,00 денари (десет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
 
  1. Кофинансирани грантови за микро претпријатија
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на микро претпријатија. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 5.000.000,00 денари (пет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
За повеќе информации, можете да го погледнете правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за микро претпријатија.
 
  1. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за развој и примена на иновативни решенија на претпријатија. Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 20.000.000,00 денари (дваесет милиони денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да бидат обезбедени од апликантот.
За повеќе информации, погледнете го  правилникот за инструментот за поддршка – кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста. 
 

 
  1. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица
Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица до 29 години.
Преку овој Инструмент се обезбедува финансирање до 30% (триесет проценти) од вкупниот буџет на инвестициски проект, но не повеќе од 1.000.000,00 денари (еден милион денари) по апликант. Преостанатиот износ од најмалку 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет за проектот треба да биде обезбеден од апликантот.
 
За повеќе информации http://www.fitr.mk/portfolio-item/stolb3/
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови