Фондација за претприемачки сервис за млади распишува конкурс за вработување

Фондација за претприемачки сервис за млади распишува конкурс за вработување на проектен асистент на определено време.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следниве услови: 
•    Завршено високо образование
•    Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
•    Минимум 3 години работно искуство во сферата на невладиниот сектор
•    Солидно познавање на аспекти при имплементирањето на проектен циклус 
•    Искуство во планирање и реализација на настани, обуки и конференции
•    Познавање на одржување на веб страни и социјални медиуми
•    Одлично познавање на MS Office и работа со компјутери
•    Одлични комуникациски вештини и работа со рокови

Претходно работно искуство со проекти од ИПА програмата или други европски програми, развој на претприемништвото или граѓанскиот сектор ќе се смета за предност.  

Главни задачи и одговорности
•    Комуникација со различни чинители потребни за реализација на проектните активности
•    Реализација на задачите и активностите за потребите на проектите 
•    Одржување контакти со медиуми
•    Креирање, ажурирање и соодветно архивирање на целокупната проектна документација, електронски и во печатена форма
•    Организација на обуки, средби и настани, и активно вклучување во истите 
•    Одржување на веб страните и социјалните медиуми 
•    Редовно известување и информирање за работата пред раководниот тим

Вашата професионална биографија испратете ја на info@yes.org.mk со назнака „За оглас за проектен асистент“ најдоцна до 11.09.2018. 

Напомена:
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови