Работилници за интелектуална сопственост

Сакате да дознаете повеќе за тоа како интелектуалната сопственост може да ја подобри конкурентноста на вашиот бизнис?

Регистрирајте се за нашите работилници за интелектуална сопственост.

Можете да дознаете како интелектуалната сопственост би можела да помогне да се зголеми и заштити вашиот бизнис и да се поврзете со другите членови на заедницата. Програмата за поддршка на интелектуална сопственост во земјите од Западен Балкан е петмесечна акција дизајнирана да ја подигне свеста за придобивките од интелектуалната сопственост за МСП и да понуди консултантска поддршка за избраните претпријатија од регионот.

Овој проект го спроведува ClearViewIP Ltd (Обединето Кралство) за советодавни услуги на Европската Инвестициона Банка во рамките на Фондот за развој и иновации на претпријатија од Западен Балкан (WB EDIF). Консултантите во ClearViewIP се искусни професионалци кои се ке го споделат своето знаење со вас.

Работилниците се наменети за сите членови на заедницата, од иноватори до претприемачи, адвокати за интелектуална сопственост, инвеститори. Работилниците ги финансира Европската Инвестициона Банка и ќе се одржат 4 работилници низ Западен Балкан. Локациите допрва ќе  бидат потврдени и ќе се одржат во последните две недели од септември 2018 година. Прецизни датуми ќе бидат објавени наскоро.

Рок за регистрација е 10 септември.  

Регистрација 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови