ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем

 
Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија за сертифицирање на ХАЛАЛ систем, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци направени за оваа намена,   но не повеќе од 200.000 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата.
 
Согласно Програмата за конкурентност,  иновации и претприемништво за  2018 година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 5 - Финансиска поддршка за сертифицирање на ХАЛАЛ систем  предвидени се средства во вкупен износ од 2.200.000 денари.
 Право на учество на јавниот повик имаат сите активни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:
  • Работење во траење од најмалку шест месеци пред објавувањето на јавниот повик  (упис во трговскиот регистар);
  • Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;
  • Намирени обврски кон државата и вработените.
 
Јавниот повик е објавен на веб страницата на Mинистеството за економија www.economy.gov.mk и на порталот www.konkurentnost.mk.
Барањата  со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, до 01.10.2018 година.
 
За повеќе информации
http://www.economy.gov.mk/doc/2442
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови