Обука “Финансирање на проекти за истражување и иновации преку ЕУ прoграмата Хоризонт 2020“

Датум: 20 и 21 септември 2018 година
Локација: Скопје (точната локација ќе биде објавена дополнително)

 

Фондацијата Претприемачки Сервис за Млади во рамки на проектот „Јакнење на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку подобрена поддршка за иновации“, финансиран од Европската Унија, објавува повик за мали и средни претпријатија за учество на дводневна обука за финансирање на проекти за истражување и иновации преку програмата Хоризонт 2020. 

 

Програмата Хоризонт 2020 претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржува истражувањето и иновациите, со крајна цел за економски раст, креирање на нови работни места и конкурентност. Располага со буџет од над 70 милијарди евра и ќе трае до 2020 година. Хоризонт 2020 е отворена за учество на широк спектар на организации и индивидуални истражувачи: универзитети, истражувачки центри, лаборатории, мултинационални компании, мали и средни претпријатија, невладини организации, здруженија на граѓани, јавена администрација, фондови, локална самоуправа, и други. Програмата поддржува финансирање на проекти за истражување и иновации, мобилност на истражувачи, зајакнување на меѓународните мрежи, стекнување на нови знаења и експертиза како и кофинансирање на одредени активности во јавниот сектор.

 

За кого е наменета обуката?
Обуката таргетира мали и средни претпријатија со висок потенцијал за иновациска дејност.

 

Цели на обуката
Учесниците на обуката ќе имаат можност да се здобијат со практично знаење за:
• Структурата на програмата Хоризонт 2020
• Процедурата за аплицирање и соодветни програмски документи
• Разбирање на поделбата на задачи и обврски во рамки на конзорциум
• Дефинирање на проект во согласност со очекувањата на Европската Комисија

 

Агенда
Деталната агенда на обуката ќе биде објавена дополнително.

 

Експерти
Профилот на експерти ќе биде објавен дополнително.

 

Процес на аплицирање
Сите заинтересирани компании треба да ја пополнат следната форма за регистрација најдоцна до 10 септември 2018 година. 

На обуката може да учествува само еден претставник по компанија. Бројот на учесници е ограничен на 25.

 

Детали за учество
Учеството на обуката не се наплаќа.

   

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови