Алатка за младинско учество и застапување за младински политики

.
Во текот на месец  септември ќе бидe креиранa алаткa која  има за цел да придоне за подобро разбирање на младинските политики, како и за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за креирање на младински политики и влијание на младинските политики преку застапување. Оваа алатка ќе ги покрие темите за младински политики, младинско учество, застапување како и ќе даде преглед за успешни странски и македонски пракси.

Алаткатa ќе содржи прилагодени методологии за влијание врз политиката и имплементација за општествени промени, во согласност со препораките и рефлексиите прибрани од тренинг програмата за граѓански организации  и ќе опфаќа добри практики за локалните граѓански организации поврзани со младите. Алатката ќе вклучи теоретски и практичен дел за делување на граѓанските организации во наведените области.

Во контекст на тековните политички, економски и социјални случувања функционално граѓанско општество е важен предуслов за демократски процеси. Оваа алатка е дел од проектот „Јакнење на капацитетите на граѓанските организации со цел унапредување на креирањето на младински политики“, финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Фондацијата за Претприемачки сервис за млади и Младинскиот културен центар од Битола.

Проектот цели да придонесе во подобрување на организациските капацитети на граѓанскиот сектор и да го зајакне активното граѓанство во процесот на креирање на младински политики.
Проектот вклучува обуки, можности за вмрежување, алатка  и онлајн курсеви за креирање на младински политики, отварување на влијание, како и соработка и размена на знаење помеѓу граѓанскиот сектор и останатите владини и невладини стеикхолдери кои се дел од процесот на креирање на младинските политики.
 
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови