И јас сум претприемач


Документарниот филм „И јас сум претприемач“ е дел од истоимената кампања за зголемување на мултиетничката соработка преку промоција на претприемништвото, вмрежување на претприемачите и останатите релевантни чинители, како и споделување успешни локални искуства.

Во снимањето на филмот, учествуваа 11 претприемачи од различно етничко потекло, 10 претставници на граѓанскиот сектор кои спроведоа локални акции за нивна поддршка и 2 претставници на проектот „Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи“, финансиран од Европската унија.

Филмот беше премиерно прикажан на 13-ти ноември 2017, во Кинотека на Македонија, во Скопје, како дел од третиот настан за вмрежување од кампањата „И јас сум претприемач“.

Сите активности се дел од проектот „Заедно за успех“, имплементиран од Фондација Претприемачки сервис за млади, Фондација за Менаџмент и индустриско истражување, Фондација Евро Центар и Здружение на граѓани „Милениум“. За повеќе информација посетете ја Мрежата за поддршка на млади претприемачи: www.yes-network.org
 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови