Повик за учество во програма за претприемачи за социјални промени

Програмата за претприемачи за социјални промени (E4SC) е поддржана од Организацијата на Обединетите нации за индустриски развој и Фондацијата CRT. Програмата е фокусирана на евро-медитеранскиот регион и има за цел да ги ублажи предизвиците со кои се соочува регионот со зајакнување на младите социјални претприемачи.
 
Младите жени и мажи од 26 земји од евро-медитеранскиот регион, кои имаат воспоставено социјално претпријатие или планираат да основаат наскоро, можат да аплицираат. Повикот за аплицирање ќе трае до 31 јули 2018 година.
 
Едногодишната програма ги подобрува вештините на учесниците за да ја зајакне бизнис идејата со социјална мисија, а со тоа ги поддржува во водењето на економскиот развој и социјалното вклучување и во забрзувањето на постигнувањето на целите за одржлив развој (SDGs).
 
Повеќе информации за програмата може да најдете на веб-страницата (www.e4sc.org) или на Фејсбук (https://www.facebook.com/entrepreneursforsocialchange/ ).
Накратко, E4SC програмата вклучува:
 
  • Bootcamp (23 ноември - 2 декември 2018 година): 10-дневно лично искуство, обезбедувајќи им на претприемачите алатки за растење и проширување на нивното претпријатие, поврзување и учење од врвни тренери од целиот свет.
  • 360o Empowerment: Пред bootcamp, се спроведува проценката 360o за да се креира детален план за општествено и економско влијание, а потоа се прилагодуваат услугите на потребите на претприемачите.
  • Менторство: 1-годишни индивидуални средби со некои од светските врвни директори кои се занимаваат со социјалното претприемништво и влијаат на инвестирањето. На претприемачите ќе им биде дадена виртуелна криптовалентност  за менторски часови во зависност од нивните потреби.
  • E4SCpedia: претприемачите стануваат дел од заедницата за доживотно учење. Тие ќе имаат пристап до про-боно правни фирми во нивната земја на живеење, запознавање со релевантни инвеститори,  и постојана човечка поддршка.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови