Прв национален проект за циркуларна економија

Фондација за Претприемачки сервис за млади, како дел од проектниот конзорциум составен од 5 партнерски организации од 4 држави, започна со спроведување на проектот “Online Master Study Program for Circular Economy”. Проектот е финансиран од Европската Унија, како дел од програмата Erasmus+, а е спроведуван од Европски Универзитет - Скопје, Македонија, ПСМ Фондација - Скопје, Македонија, Ekonomikas un kulturas augstkola - Рига, Латвија, Zelena Infrastruktura - Загреб, Хрватска, и Fakulteta za komercialne in poslovne vede - Цеље, Словенија.
 
Што е циркуларна економија?
Циркуларната економија претставува нов економски модел кој е фокусиран на дизајнирање и производство на конкурентни материјали за повторна употреба, преработка и рециклирање. Циркуларната економија е алтернативна на традиционалната линеарна економија (создади, користи, отстрани) во која се користат ресурсите што е можно подолго и максимално се искористува нивната вредност, а потоа од нив се обновуваат и креираат нови производи и материјали.

Со цел подобро да се разбере концептот на паметна специјализација погледнете го следното видео.

 

Во состав на проектот беше спроведено истражување за состојбата и перцепциите на компаниите за циркуларната економија во четирите држави, по што ќе следи креирање на Водич со добри практики за циркуларна економија, како и креирање на курикулум за едногодишни Магистерски студии по циркуларна економија, и соодветни онлајн материјали за учење.

Целта на проектот е зголемување на свеста за значењето на циркуларната економија, која веќе некоолку години дел од приоритетите и стратегиите на Европската Унија, а е приоритет и за македонските компании и институции со цел да се зајакне свеста и целокупната економија да се ориентира од линеарна кон циркуларна економија.
 

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови