Одржана јавна расправа на тема: Дали постои поволна клима за развој на женско претприемништво?



На 01.06.2018 година во просториите на хотел “Порта” во Скопје  беше организирана јавна расправа на темата Дали постои клима за развој на женско претприемништво? На расправата беа поканети и присуствуваа жени претприемачи. Јавната расправа е дел од активностите на проектот “Јакнење на придонесот и ефикасноста на граѓанските организации од женското претприемништво кон ЕУ интегративните реформи во областа на економската политика (WE – Contribute)”. Проектот е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Фондација за менаџмент и индустриско истражување во партнерство со Здружение на бизнис жени и ГТФ Иницијатива за одржлив раст од Хрватска. Имплементацијата на проектот започна во декември месец минатата година а ќе трае до декември 2018 година.

Одржувањето на јавната расправа беше повод многу од присутните жени претприемачи да го искажат своето гледиште на темата како и да дискутираат како оваа клима за женско претприемништво влијае на работата на жените претприемачи и на кој начин може да се подобри. Исто така беа дадени и одредени ставови преку кои се потенцираа проблемите и пречките со кои  се соочуваат во моментот жените претприемачи во Македонија и на кој начин може да се надминат истите.

Заклучоците кои беа донесени по повод одржувањето на јавната расправа се сублимираат во три точки и тоа дека последните неколку години е подобрена климата за развој за женско претприемништво во Македонија, потребно е дополнување на програмите и мерките со кои се овозможуваат финансии за поддршка на женско претприемништво како и потреба од зголемено учество во креирање  и донесување на мерките и програмите од страна на жените претприемачи.

Прашањата кои произлегоа од јавната расправа кои се битни за жените претприемачи во Македонија како и заклучоците за подобрување на овие тематики кои ќе бидат споделени до релевантните институции/Министерства.

Проектот иницира активности кои ќе го поддржат женското претприемништво во Македонија и ќе работи директно со жените претприемачи во следните активности. Една од активистите која беше реализирана е формирањето на првиот национален совет за женско претприемништво, чија основна идеја е важноста на мрежното поврзување со цел да се создаде синергија на квалитет и влијание на силно застапување на интересите на жените претприемачи пред засегнатите страни на законодавната и извршната власт. Советот има за цел да промовира примери на добри практики, за да обезбеди подобра координација на активностите поврзани со прашањата за женско претприемништво и да овозможи мрежно поврзување на жените претприемачи на национално и меѓународно ниво.

 

Галерија

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови