Формирана првата национална платформа „Поглавје 20“

Во март 2018 година, се формираше првата национална Платформа за претпријатија и индустриска политика „Поглавје 20“. Платформата е составена од 47 членки, активни актери од граѓанскиот сектор, креатори на политики и релевантни институции што дејствуваат во областите на преговарачкото поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика и има за цел активно да се вклучи во реформскиот процес како важен чинител во јавно-приватниот дијалог.

Платформата ќе придонесе кон активно вклучување во реформскиот процес на Поглавје 20 преку бројни активности на своите членки, ќе креира сопствен ресурсен центар со материјали релевантни за следењето на реформските приоритети на Поглавје 20, со јавно достапни ресурси, преку кои ќе се поддржи трансферот на знаење и координација помеѓу граѓанските организации и другите релевантни чинители на национално ниво. Таа активно ќе работи на јакнење на капацитетите на граѓанските организации за креирање и следење на политики, ќе организира обуки, вебинари, експертски средби, форуми за споделување на добри практики, истражувања и други активности.

Платформата цели активно и координирано да придонесе во следење и реализација на клучните реформски приоритети, преку имплементирање на активности и спроведување на анализи со препораки за подобрување на конкурентноста и иновативноста на МСП, подобрување на дијалогот со бизнис заедницата, подобрување на деловната клима за креирање на нови бизниси и обезбедување на подобар пристап до финансии.
Работата на Платформата ќе биде дефинирана со годишен Акциски план во линија со потребите утврдени од спроведената анализа на чинители во областа на Поглавје 20, а истиот ќе ги дефинира главните цели и активностите за постигнување на целите.

Платформата е формирана во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20“, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиуми 2015.

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови