Јавен повик за финансирање проекти за социјално претприемништво

„Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”
 
Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за труд и социјална политика ве покануваат да учествувате на Повикот за финасирање на проекти за социјално претприемништво „Предизвик за иновативно решение за обезбедување #ОброкЗаСите”.
 
Основна цел
Основна цел на повикот е да се поттикне развој и примена на иновативни решенија во различни сегменти од општеството за подобрување на квалитетот на живеење.
 
Тип на проекти
Иновативно решение (пр. платформа) за мобилизирање на храна од пазарните вишоци, ефикасна дистрибуција, администрирање на мрежата (инфраструктура) и учесници, достава до точки каде пристапуваат семејства со потреба за ваква помош. Решението треба да опфати и модел на взаемна интеракција на сите субјекти/учесници во системот.
 
Право на учество
На повикот може да учествуваат правни лица: сите микро, мали и средни претпријатија, граѓански организации и  кои се социјално одговорни и/или имаат за цел својата дејност да ја прошират кон социјалното претприемништво.
Учесникот на повикот треба да ги исполнува следните услови:
  • Да е регистриран во Централниот регистар на Република Македонија согласно Законот за трговските друштва или Законот за здруженија и фондации.
  • Да е микро, мало или средно претпријатие согласно класификацијата во Законот за трговските друштва;
  • Да е со мнозинска македонска сопственост (со 50,1% или повеќе)
  • Да не е претпријатие во потешкотии и навремено да ги сервисира своите обврски кон добавувачите/партнерите.
Рок на пријавување
Пријавувањето на повикот #ОброкЗаСите е до 21.05.2018 година, до 23:59 часот.
 
Повеќе детали за повикот има на следниов линк http://www.fitr.mk/obrokzasite/#toggle-id-12

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови