Програма за јакнење на инвестициската подготвеност на старт-ап компании

Проектот EU4TECH-Western Balkan нуди можност на старт-ап компании да учествуваат во програма за јакнење на инвестициската подготвеност која се состои од 3 дела:
 
  • март-април: менторство и работилници за интелектуална сопственост со меѓународни експерти
  • 24 април: „Bootcamp“ - настан каде избраните старт-ап компании ќе се презентираат пред консултанти  
  • 25 април Белград: Регионален инвестициски форум каде избраните старт-ап компании ќе се презентираат пред инвеститори од ЕУ
 
Тренинг програмата во рамки на проектот EU4TECH-Western Balkan се фокусира на старт-ап компании од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово коишто имаат сопствен производ/услуга или се во финална фаза на лансирање на иновативно решение и кои се спремни да го прошират својот бизнис преку обезбедување на инвестициски удел.
 
Учеството во програмата не се наплаќа. Избрани старт-ап компании ќе имаат можност да добијат средства за покривање на трошоците за превоз и сместување за учество на Инвестицискиот форум во Белград.
 
Учеството во програмата е лимитирано на 35 старт-ап компании.
Крајниот рок за аплицирање е 28 февруари.
Апликација на следниот линк: https://goo.gl/WgVkWe
За повеќе детали: https://eu4tech.eu/

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови