Графички дизајн - страст за дигитална уметност

Повеќе од 140 успешни приказни се креирани во рамки на обуката за „Графички дизајн“ во организација на ПСМ Фондација. Повеќе од 140 горди творци на уникатни графички дела, денес ја имаат можноста во секој момент своите идејни решенија да ги претворат во дигитална форма.
Страст за дигитална уметност. Желба за професионално усовршување како и можност за креативно изразување се само дел од причините на учесниците за посета на оваа обука.
 
Ова се дел од нивните искуства:
 

Јованова Олга
Професија: раководител на марктинг
 
Едукацијата во секој сегмент за мене како личност е од полза. Одамна размислував за обука за графички дизајн, особено затоа што работното место ми е во маркетинг сектор и бара познавање од графички дизајн. Погледнав реклама на Facebook од ПСМ Фондација за обуката, времето на започнување како и цената беа повеќе од одлични, и решив да направам нешто за себе, за мое самоунапредување.

Обуката најпрво ми помогна да заштедам време, затоа што трката со времето е главен двигател во денешницата, и сега можам сама да корегирам креативни целини, дизајнирам тоа што ми е потребно, во истиот момент кога е потребно, без притоа да трпат маркетинг и продажните активности. Секако како професионапец во работата, ова значи едно мое надоградување, и уште една стаза изодена во мојата кариера.

Топло ја препорачувам обуката на сите лица кои првенствено би сакале да вложат во сопственото образование, особено за оние кои се знимаваат со маркетинг, дизајн, фотографија, или имаат во план да се занимаваат во иднина. Обуката ги содржи сите потребни елементи, вежби, кои ги води одличен и стручен предавач, а цената е повеќе од достапна.

Пофални зборови за организаторот ПСМ Фондација и секако предавачот Ратко Мирчески, кои се залагаат безусловно за секој учесник.
 

Василија Дончева
Професија: студент по архитектура

 
Благодарна сум за укажаната можност да бидам дел од обуката за графички дизајн, навистина ми беше голема желба која сега прерасна во едно многу убаво искуство. 
Графичкиот дизајн , креативното изразување, создавањето нови креативни нешта можам да кажам дека одамна ми биле едно широко поле на интерес и дел од моето секојдневие. 
Јас сум студент по архитектура, а истовремено и работам на таа професија, така што веќе сум  запознаена со процесот на создавање на концепт, креирање , поврзување на нештата, принципи кои се употребуваат и во графичкиот дизајн. Изучувањето на Photoshop i Illustrator дополнително ќе ми помогне да се изразувам на полесен и поконкретен начин во мојата работа, што би било појасно и подостапно за луѓето за кои се наменети моите проекти. 
Обуката за графички дизајн беше едно поинакво искуство, секако позитивно. На почеток мислев дека ќе биде напорно, но напротив, беше многу интересно бидејќи константно учевме нови работи кои сѐ повеќе го зголемуваа нашиот интерес .
На сите лица кои се заинтересирани за оваа обука, кои сакаат да се изразуваат креативно, кои имаат идеи и сакаат да им ги пренесат на другите луѓе, топло би им ја препорачала бидејќи навистина сметам дека беше успешна и би можела да им помогне во остварувањето на своите цели како во оваа така и во која било друга професија. 


Мила Петровска
Професија: архитект

 
Графичкиот дизајн е возбудливо и креативно професионално поле каде секој креативец може да ја практикува својата страст за  дигитална уметност на дневна основа!
Јас се одлучив на овој чекор, да пристапам кон вклучување на професионалната обука за графички дизајн, бидејќи сум личност, која постојано има желба и ентузијазам да научи нешто ново, во рамките на својата професија.
Сметам дека со оваа обука успеав да ги обновам и доусовршам досегашните стручни вештини и знаења во оваа област, кои ми се клучни за моето професионално претставување и понатамошно унапредување во работата, за која е од суштинско значење да се биде во тек и да се следат новитетите.

 

Соња Јанкович
Професија: дипломиран дизајнер на мебел и ентериер

 
Причината за да се вклучам во обуката беше желбата да научам нови вештини преку кои можам да ја изразам својата креативност, да стекнам ново искуство, како и да го надоградам моето знаење.
 Бенефит од обуката е можноста што ја нуди за професија како графички дизајнер. Останати бенефити од предавањата и задачите од обуката, како и секојдневно вежбање во програмите, се новите техники, вештини, слобода за изразување на својата креативност, се фокусираш на дизајнирањето, градиш свој визуелен идентитет, подобро и посилно портфолио.
 
Му препорачувам на секој кој има желба да учи нови работи, да го надоградува своето знаење во областа на визуелна комуникација преку фотографијата, илустрација, типографија и слично, да се вклучат и да ја посетат обуката за графички дизајн. 
 
 
 
Емилија Пирганоска
Професија: консултант за е-учење


Мојата работа е делумно поврзана со дизајн, така што оваа обука ми помогна во надополнување на моите вештини и веќе наоѓа примена во моите секојдневни работни задачи. Сигурна сум дека и во иднина ќе продолжам да се надоградувам во оваа област.

Причината за моето вклучување во обуката беше тоа што навистина ме интересира графички дизајн како професија и сакав да научам повеќе за истата. Оваа обука ја видов како една шанса за да ги исполнам моите цели во врска со мојот професионален развој.

 

КАТЕГОРИИ

Популарни тагови